Ние ја подготвуваме потребната документација која ќе ти овозможи да имаш америчка фирма за помалку од 15 дена спремна за наплата преку најпознатите платежни процесори како Stripe, Shopify Payments, AirWallex.
Клучни бенефити за онлајн бизнис.
1. Неограничена наплата (Stripe & PayPal).
Со US LLC добиваш легален пристап до Stripe, Shopify Payments и US PayPal.
2. 0% Данок на добивка.
Ако не си резидент на САД и немаш физички канцеларии/вработени во САД, твојата компанија не плаќа федерален данок на добивка.
3. Глобален кредибилитет
Клиентите од САД и Европа полесно веруваат на компанија регистрирана во САД отколку на компанија од Балканот.
4. Минимална администрација
Нема печати, чекање на шалтери, ниту месечни ДДВ пријави како во МК (ако немаш промет во САД). Сите документи се дигитални, а одржувањето е лесно.
5. US Банкарска сметка
Со LLC во САД можеш да отвориш бизнис сметки во модерни банки како Mercury, Relay или Wise Business.
6. Приватност и анонимност
Во држави како Wyoming или Delaware, податоците за сопствениците не се јавно достапни во државните регистри.
1. Анализа
На краток повик или преку пополнување на прашалник го анализираме твојот бизнис модел и ти нудиме адекватно решение.
2. Регистрација
Ние ја преземаме целата администрација. Го поднесуваме барањето до државата, обезбедуваме регистриран агент, ги пополнуваме документите. Ти не пополнуваш ниту еден формулар.
3. Лансирање
Добиваш комплетно дигитално портфолио со документи + детално упатство за отварање банкарска сметка. Спремен си за првата трансакција.
Без скриени трошоци. Одржувањето (агент, извештаи) е јасно означено.
Essential (Start Up)
New Mexico или Wyoming
Growth (Business Ready)
Најдобра вредност
Ultimate (All Inclusive)
Целосно лансирање
Нашата сигурност во ефикасноста на процесот ни дозволува да ви понудиме целосна заштита.
Се обврзуваме на резултат: Доколку од било која причина не успееме да ја реализираме договорената услуга, ви гарантираме итна и целосна рефундација на уплатениот износ.
Процесот е транспарентен и без ризик — доколку не сте услужени, доволно е само да го известите нашиот тим.
Не си сигурен кој пакет е вистинскиот за тебе? Поразговарај со нашиот тим на WhatsApp. Ќе ги разгледаме твоите потреби и ќе ти дадеме искрен совет.
Пиши ни на WhatsAppОбично одговараме во рок од 30 минути.
Сè што треба да знаеш за твојата идна US компанија)
Апсолутно ДА. Американскиот закон дозволува 100% сопственост на LLC од страна на странци (нерезиденти).
Не ви е потребно американско државјанство, „Green Card“, ниту пак виза.
Илјадници претприемачи од целиот свет (вклучувајќи и многу од Македонија) работат легално на овој начин.
Да, ова е целосно легален даночен модел. LLC за нерезиденти се третира како „Pass-through“ ентитет.
Ова значи дека ако немате физички канцеларии и вработени во САД, американската Управа за приход (IRS) не ја оданочува добивката во Америка.
Вие не должите данок на добивка во САД, туку само во државата каде што сте даночен резидент (Македонија), но само кога ќе ги извадите парите како личен доход.
Не. Целиот процес е 100% дигитален и се одвива онлајн.
Не треба да патувате во Америка, ниту да одите во амбасада.
Ние ја вршиме целата комуникација со државата и банките во ваше име.
Да, тоа е и најголемата придобивка.
Со US LLC и EIN број (кој ние го вадиме за вас), добивате идентитет на американска компанија.
Ова ви овозможува верификуван пристап до Stripe, PayPal, Shopify Payments и американски банкарски сметки (преку Mercury, Relay или Wise), без страв од блокади и лимити кои важат за македонски фирми.
Вообичаено, целиот процес трае околу 10 до 15 работни дена. Ова вклучува:
Регистрација на фирмата во државата (2-3 дена).
Добивање на EIN број од IRS (ова е најспориот дел и зависи од IRS, обично 10-тина дена).
Штом го имаме EIN бројот, банкарската сметка и Stripe се отвараат за 24 - 48 часа.
Вашата инвестиција е 100% заштитена.
Доколку од било која причина не успееме да го регистрираме вашето LLC или да обезбедиме EIN број, ви ги враќаме парите во целост.
Без прашања.